Кога симптомите на срцев удар се јавуваат постепено и не следуваат по некој поголем напор, пациентите многу поретко се одлучуваат да се обратат кај лекар во Брза помош, заклучиле научниците.
Од 474 пациенти кои се обратиле во службата за итна медицинска помош со опасно намалување на дотокот на крв во срцевиот мускул, оние чии симптоми се јавиле постепено, требало да се јават шест часа подоцна од препорачанато време кога треба да се повика лекарска помош и да стасаат во болница, утврдиле американските лекари.
Тие велат дека поради прекинот на доток на крв во срцевиот мускул, срцевите клетки почнуваат да изумираат, а пациентот чувствува посилна или послаба болка во градите. Таквите постапни симптоми тие не ги препознале, ниту сериозно ги сфатиле, иако размислувале за тоа да повикаат Брза помош.
Како последица на доцното јавување во итната служба, лекарска помош им била укажана во рок од осум часа од почетокот на знаците на срцев удар, во споредба со просечните 2,57 часа колку што требало за пациентите кои имале ненадејни и силни симптоми, тврдат лекарите.
Во препораките на Американското здружение за срце стои дека на болните со срцев удар им се препорачува добивање соодветна медицинска помош во рок од два часас од почетокот на симптомите за да им се загарантира најдобра шанса, кога е во прашање избегнување на трајни оштетувања на срцевиот мускул.
При ненадејниот срцев удар пациентите од самиот почеток чувствуваат многу силни болки во пределот на градниот кош. Но, симптомите на постапен напад може да нè упатуваат на срцев удар, напоменуваат авторите на студијата.
Тоа се обично чувство на блага непријатност во средината на градниот кош која трае неколку минути или ќе исчезне, па повторно се појавува, болка во едната или во двете раце, во предолот на грбот, вратот, вилицата или стомачната празнина, како и краток здив. Тие симптоми вообичаено не се чувствуваат, како ненадејните бранови на студена пот, мачнина, несвестица, општ замор или необјасниво чувство дека сè ќе пропадне.