Симон Трпчески, еден од најдобрите пијанисти во светот, го прослави јубилејниот 40. роденден. Трпчески на Фејсбук сподели фотографии од роденденската забава во неговиот дом.
„Ви благодарам за сите прекрасни пораки и желби за мојот роденден!
Фантастични подароци, блуза дизајнирана од мојата ќерка и мојата омилена торта, подготвена од мојата сестра! … плус, Ерменски коњак!“, напиша македонскиот маестро на својот профил на Фејсбук.
ФОТО: Фејсбук/Принтскрин