Силјановска ќе ѝ заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ ако како евентуална власт отстапи од владеењето на правото

1073

Претседателската кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, во вечерашниот дуел со нејзиниот противкандидат, Стево Пендаровски, рече дека нема да отстапи од принципот на владеење на правото, а ако треба по цена на тоа ќе ѝ се заблагодари и партијата која ја поддржуваше.

Зошто смета дека евентуална нова влада формирана од ВМРО-ДПМНЕ, може да спроведе реформи во правосудството ако таа партијата ја доведе земјава до статус „заробена држава“, таа посочи дека промени ВМРО-ДПМНЕ може да направи бидејќи ги научила лекциите.

– На научени лекции и на она што се случува во моментов. Да потсетам деновиве што слушаме. Преку изјавите на Хојт Ји, на Макрон… Се изморија чекајќи го Годо. Нема никакви реформи во судството. Има само актерство, преправање, импровизации. Ако тоа не го стори јас ќе се заблагодарам на поддршката, не отстапувам од принципот на владеење на правото – рече Силјановска.

За владеењето на правото и реформите во судството, Пендаровски, пак, смета оти тие се спроведуваат благодарение на формирањето на СЈО во 2015.

– Од 2015 е направена таа институција. Мака мачиме со политичките поддржувачи на Силјановска. А тие мака мачат како да не се продолжи тоа. Имаме значителен напредок, тоа е констатирано од Европската Комисија и од Хан, дури и до Прибе. Се вели во првиот и во вториот извештај дека има значајни напредувања. Не само во правосудството, туку и во безбедносно-разузнавачките служби – рече Пендаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...