Силјановска ќе го смени па ќе го заштити името со уставна промена за непроменливост

1064

Сегашното име на државата нема иднина и ќе го сменам, порача од митингот од Охрид кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова на вечерашниот митинг во Охрид, од каде ја почна кампањата.

– Велеа нулта корупција, а имаме хибриден режим. Имаме едногласно комунистичко Собрание, кривосудството, реваншизам и селективна правда. Единствената реформа е Преспанскиот договор и промената на името. Јас не сум против договори, но во договорите има две страни. Нашиот Устав вели дека меѓународните договори ги склучува претседателот. Заборавија дека министерот за надоворешни не е овластен да потпишува промена на името. Треба да победиме на овие избори и да отвориме пат за предвремени парламентарни избори. Не велам дека ако ме изберете веднаш ќе го сменам името, тоа е невозможно –  рече Силјановска.

Таа рече дека ќе дојде одговорен парламент, што ќе ја почитува опозицијата и државнички ќе се однесува кон најважните прашања, ќе дојде на нов состав на Уставен суд што ќе го брани Уставот со знаење ама и со морал.

– Тогаш ние еден ден со една уставна промена важна ќе го заштитиме името со клаузула за непроменливост. Нивната филозофија е кажувам, заборавам, негирам. Нашата филозофија ќе биде и е: кажувам, помнам, почитувам – рече Силјановска Давкова на првиот митинг во Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...