Во вечерашната дебата на ТВ 21 кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова, одби да одговори дали ќе ги потпише законите кои претседателот Иванов не ги потпиша.
– Ги имам прочитано законите, но кога ќе се најдам на функцијата, тогаш сакам да ги преиспитам. Немам намера да го бранам Иванов. Но, не можам а да не укажам за следново: одговорен Парламент е кога претседател ќе стави вето, оди забелешка по забелешка и дава одговори, а не гласа веднаш. Јас ќе ги преиспитам законите, и ако се уставни, ќе ги потпишам. Кога ќе дојдам на функција, тогаш ќе ви кажам. Јас сум легалист – рече Силјановска.