Силјановска ќе бара поддршка од „Бојкотирам“ и од разочараните од СДСМ

598

Гордана Силјановска Давкова има намера да разговара со приврзаниците на „Бојкотирам“ да излезат на гласање и да ѝ дадат поддршка во вториот круг од претседателските избори кој е закажан за мај.

Таа ова го изјави во „Дневникот“ на Сител телевизија.

– Јас мислам дека ќе има цензус, иако се разбира дека дел од граѓаните не сакат ни да помислат да излезат на гласање поради името, тоа се оние од бојкотирам, а кон нив се приклучи и дијаспората. Но, јас имам намера отворено да разговарам со приврзаниците на „Бојкотирам“, да им објаснам дека нема цел неколкукратното бојкотирање, дека проблемот со името на легален начин се решава внатре во институциите и ќе ги повикам да гласаат на изборите – вели Силјановска Давкова.

Таа ги повика и сите револтирани и разочарани граѓани од владата на СДСМ и Заев да ја поддржат бидејќи, како што рече таа, позади неа нема никаков политички багаж и смета дека може да биде новина во политичкиот живот.

– Ќе ги повикам и повторно и разочараните од СДСМ, оние од шарената револуција кои можеби не се за ВМРО-ДПМНЕ, ама ова се претседателски избори, јас сум Гордана Силјановска Давкова и немам зад себе никаков политички багаж и мислам дека можам да бидам новина во политичкиот живот – порача Силјановска.

Таа во гостување во централниот дневник на ТВ Сител нагласи дека апстиненцијата е поголема во албанските средини бидејќи, како што рече,  Албанците веќе не дозволуваат никој, па ниту премиерот Зоран Заев, да прави трговија со нивните гласови.

– Апстиненцијата може да се гледа од повеќе агли. Прво, факт е дека таа е далеку поголема во албанските средини отколку во македонските, а јасно ни е зошто. Зашто по појавата на еден граѓански ориентиран, едуциран кандидат каков што беше Блерим Река, Албанците односно албанските гласови не се согласуваат веќе да служат нивните гласови за етнопартиска трговија, туку се спротивставија на тоа – додаде Силјановска Давкова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...