Силјановска: Јас ќе ги претставувам сите граѓани на Македонија ВИДЕО

754

Кандидатот за претседател Гордана Силјаноска Давкова, денес беше во посета на Општина Јегуновце, каде оствари средба со голем број граѓани.

При посетата Силјаноска Давкова им се обрати на граѓаните од Општина Јегуновце и рече дека незамисливо е во 21-ви век во услови кога постојат ОН, Совет на Европа, Меѓународен суд на правдата во Хаг, да не се почитува правото на самоопределување.

 – Бидејќи пред се сум обичен човек, човек од народот, како велел Линколн „Од народот за народот, со народот“, би требало да бидат оние кои го претставуваат. Честопати си велам, замислете си сега да сте на возраст од 75 години, бидејќи Македонија е во женски род, возрасна жена од 75 години на која треба сега да и се смени името, а вие ја убедувате дека тоа нема да се одрази на нејзиниот идентитет. Сакам да кажам дека името е важен дел, името е нешто на идентитетот. Името е  важен елемент на идентитетот – појасни Силјаноска Давкова.

При самата посета Силјаноска Давкова појасни дека поради сето ова што се случува моментално во државата, за неа на изборите ќе гласаат не само луѓе кои гласале секогаш за ВМРО-ДПМНЕ, туку и многу други.

Таа ги спомна и разочараните од оваа власт, оние кои никогаш не гласале, разочараните од шарената револуција, оние кои почувствуваа дека го губат достоинството по сето она што се случуваше овие неколку години.

 – Кој ќе гласа за мене? Јас сум некој кој ќе ги претставува сите граѓани на Македонија, оние кои редовно гласаат за ВМРО ДПМНЕ, оние кои се разочараа од оваа власт, оние кои се разочараа од револуцијата, оние кои никогаш не гласале, оние кои се почуствуваа дека го губат достоинството, оние кои ми биле студенти без разлика на етничка и верска припадност, бидејќи граѓани гласаат на избори. Поединци, а не партии– порача Силјановска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...