Изворот на мојата енергија е длабоката верба дека кога верувате во право и правда во Македонија и за Македонија, на правата страна сте. Затоа и ние правниците велиме зборуваме за правен лек, правните лекови ја прават лошата политика подобра. Ама лошата политика не може да го згази правото порача претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова од Свети Николе.
– Лошата политика треба да се санкционира. Власта нон стоп зборува за политика, а ние нон стоп ги предупредуваме на правото, ама правото е пред политиката. Оти ако политиката не е ограничена со правото, ако не е под правото, ако не е врамена во правото таа ќе доведе до дискрециони овластувања. Ќе доведе до постапувања што не водат сметка за човековите слободи и права – појасни Сиљановска Давкова.
Таа рече дека токму оваа младина на Македонија е потребна, но изгледа по постапките на власта оваа младина не и е поребна, кога дозволи да си заминат во еден правец.
– Секој ден слушаме како фамилијата добила уште еден бизнис, секој ден дознаваме за некој нов скандал. А, економијата на дното сме во регионот. Странците нашиот економски амбиент го оценуваат со нула. Ама економскиот амбиент не постои сам за себе, не може да постои во џунгла, економски амбиент вирее во правна држава во која има извесност за капиталот – рече Сиљановска Давкова.
– Според неа. дојде времето да си помогнеме едни на други, а тоа е на 21 април. Мислам дека е важно она што им го негиравме за време на референдумот, не давајќи им никаков легитимитет, сега да го потврдиме изборно. Бидејќи изборите даваат и изборите одземаат легитимитет. Изборите велат мојот суверенитет нема да ви го пренесам бидејќи не го заслуживте, го негиравте. Оти ние рековме НЕ, а тие сами си рекоа ДА. И не само ДА туку едно чудо закони прекршија. Го прекршија Уставот и сега глумат дека се Европјани – појасни Сиљановска Давкова.
Сиљановска Давкова додаде дека оваа власт е далеку од Европа. Меѓутоа само народот може да ги потсети со гласот против нив, а со гласот за нас.
– Се што посакав од животот добив од Македонија, се што посакував значи добив со помош на мојот народ. Е сега решив да му вратам. Мислам дека знам како, мислам дека знам со кого и мислам дека вреди да се направи таква жртва – потенцира Сиљановска Давкова.