Силјановска: Со Мицкоски не сме заостанати и немодерни кога повикуваме на татковината

432

Македонија е се што ние имаме. Не е точно дека сме ние немодерни, заостанати, традиционални. Не е точно дека денеска не е модерно да се зборува за татковината. Велат дека сме ве носеле во 19-тиот век во времето кога сите мислители повикувале или истакнувале дека секоја нација си има право на своја држава, рече претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова на митингот во Гостивар.

– Татковината е неразделна од нациите. И јас кога сакам да кажам дека не сум само јас таа, и не е само Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е тој што повикува на татковината, честопати се навраќам на зборовите на преумниот, преталентираниот, чувениот Бернард Шо, Ирец. Тој велел дека се може да смените, може да ја смените идеологијата, може да ја смените облеката, поведението ама татковината никогаш – истакна Силјановска Давкова.

Таа потсети дека луѓето од власта користат празна и неразбирлива филозофија составена од три збора кажувам-заборавам-негирам. Според Силјановска, власта користи една флоскула едно општество за сите граѓани, но едно општество за сите граѓани би значело едно општество на еднакви и рамноправни индивидуи.

– Не, тие постојано велат дека во едно општество на сите граѓани, сите етнички заедници требало да бидат еднакви и рамноправни и дека така ќе сме живееле среќно заедно. Но тоа не е точна теза, ова општество е мултикултурно, мултиетничко, мултијазично и тоа е реалност. Ама нивното иднос општество за сите граѓани е всушност еден многу опасен феномен на бинационално општество, односно бинационална држава – рече Силјановска.

Таа додаде дека со авторитарна власт не се оди во ЕУ, со авторитарна власт не се почнуваат преговори за ЕУ.

– После толку кршење на Уставот и законите, после толку многу непочитување на задолжителното меѓународно право не се сомневам дека ќе го сменат Уставот и ќе го изберат претседателот во Собранието. Тоа е лошо решение. Не само за опозицијата туку и за државата – додаде Силјановска.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...