Силјановска: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе ги привлечеме и разочараните од „Шарената револуција“ да гласаат за мене

1139

Добровечер бројни роднини, зошто дома сум, им се обрати на почетокот на митингот претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова на Кичевци. Таа му се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ што отвори врата за неа иако не е член на партијата.

– Иако сум непартиски кандидат, ВМРО-ДПМНЕ го направи вистинскиот чекор, демократски, реформски, победнички, зошто заедно ќе ги привлечеме не само членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, туку и членовите и симпатизерите на коалициските партнери на коалицијата „За подобра Македонија“, но и неутралните членови, како и разочараните членови од СДСМ, разочараните од „Шарената револуција“ – рече Силјановска.

Таа додаде дека Македонија и географски и културно, и историски секогаш била дел од Европа. Силјановска потсети дека за Западен Балкан велат дека е Ахилова пета на ЕУ.

– Ама јас која предавам, не само Уставно право туку и Европско Уставно право ги убедувам студентите тоа е нашиот заеднички дом. И дека не се оди во ЕУ качени на „Ориент Експрес“ кон Брисел. Туку по ЕУ стандардите се носи дома. Тоа ќе го направиме ние – посочи Силјановска Давкова.

Според неа, единствената промена што ја направила власта, закитени со придавката „реформска влада“ е промената на името.

– Од владеење на правото јас не гледам ни траг, ни глас. Нема владеење на правото без поделба на власта. А, кај нас власта е концентрирана во рацете на извршната власт. Во рацете на премиерот. Тогаш не може да има спреги и кочници. Тогаш нашите слободи и права се загрозени. Зошто ние учиме дека секоја власт се заканува да ве корумпира. Апсолутната власт апсолутното. Затоа секој ден се соочуваме со скандали. Станавме скандалозна земја. Меѓутоа мора да го смениме ова – нагласи Силјановска Давкова.

Таа повтори дека по нејзината победа на претседателските избори премиерот мора да распише итно предвремени парламентарни избори.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...