Силјановска: Си реков да не дошле конечно Гугл и Фејсбук но не, Заев среде кампања се фали со марихуана

1479

Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова преку Фејсбук жестоко распали по премиерот Зоран Заев дека во среде кампања нашол време да се пофали  дека 15 компании добиле лиценца за производство на марихуана. На што се сведе нашава Македонија, прашува Силјановска.

– Вчера, некој ми кажа дека нашиот премиер објавил мошне важна вест на својот профил на фејсбук. Си реков, да не дошле конечно Гугл (Google) и Фејсбук (Facebook) во Македонија? Или можеби 15 нови млади старт-ап компании отвориле 15 нови работни мести за високо образовани инженери (не зборувам за старт-ап компаниите поддржани од Фондот за иновации кои на срамен начин парите наменети за креативците им ги дадоа на сдсмовската политичка, клептократска, и медиумска клика, туку за оние вистински млади јунаци коишто тука градат свои компании), пишува меѓудругото Силјановска.

Но, како што  вели таа, не била за тоа објавата.

– Замислете, почитувани граѓани, нашиот премиер, сред кампања нашол време да објави кои 15 компании добиле лиценца за производство на марихуана. На што се сведе нашава Македонија? Наместо да објавуваме важни вести за развој на индустријата, за поддршка на старт-ап бизниси, за воскреснување и вознес на македонската култура, иновативност, спорт и уметност, ние имаме премиер за кого важна вест и досега единствен економски проект во двегодишното работење е давањето лиценца за производство на марихуана, пишува Силјановска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...