Прекраксно е чуството да сте на едно од најживите места во градов, една од најпосетените цркви. Местото каде што веројатно Дичо зографот најубавото од себе го реализирал, за да ние се восхитуваме. И секое врлегување овде за мене носи духовен мир, спокој и ме потсетува на зборовите на архиепископот неколку пати повторувани вчера за еднаквоста на народите и мирот. Мислам дека пораката е јасна, рече Гордана Силјановска, кандидатка за претседател на Република Македонија.
– Не знам дали на ова свето место е можно да се изговори она што го видов пред малку, но навистина ако Охрид е едно од најсветите места или местото кое ја персонифицира духовната моќ во Македонија, како да не кажам дека на 20-тина метри од овде гледаме непочитување на оваа убавина. Се е заштититено, Охрид е под заштита на УНЕСКО но некако прекрасните икони и фрески не одат со дивоградбата подолу и мислам дека тоа е опомена дека нешто под итно треба да се стори во Охрид. Тоа што го имаме да го почитуваме, зошто ако не го почитуваме ние тогаш пораката е дека не знаеме што е духовно наследство и богатсво. И дека оставаме кој што сака да прави на неколку чекори од овде. Охрид не се само црквите, Охрид е градот, Охрид е сето она што се гради и доградува, а сето тоа мора да биде во хармонија со изграденото. Се надевам дека граѓаните ќе знаат како да се однесуваат кон оние кои имаат респект кон духовното наследство и оние кои ниту го почитуваат, ниту го штитат – рече Силјановска.