Се разбира дека очекувам поголема излезеност и победа, изјави денеска Гордана Силјановска Дафкова, кандидатка за претседател на државата.
– Мислам дека таргетот на кој се концентрирав, односно групите граѓани за кои мислам дека ќе се инспирираат или да им се разјаснат дилемите дали да излезат или не. Денот почна како со зима, тоа е политичката зима во Македонија, мислам дека ќе заврши со сонце – порача Силјановска.