Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова почна со собирање на 10.000 граѓански потписи.
Таа на Фејсбук објави дека го исполнува ветувањето дадено на Конгресот во Струга.
– Како што ветив во Струга, Ве известувам дека формално ја информирав Државната Изборна Комисија за започнување на процесот на собирање на најмалку 10 илјади потписи за претседателската кандидатура. Од утре сите вие што мислите дека е време во Македонија да започнат суштински промени на подобро, на 46 локации низ цела Македонија ќе може да ги дадете вашите потписи. Време е без разлика на партиската, етничката, половата, старосната структура да се обединиме и да ја вратиме Македонија во нормала. Во текот на денот дополнително ќе бидете информирани за точните локации, процедури и потребни документи, напиша Силјановска.