Не добив покана да присуствувам на седницата на Парламентот за инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски, потврди во интервју за телевизијата Алфа професорката Гордана Силјановска Давкова.
Осврнувајќи се на говорот на Пендаровски во делот за помирувањето, Силјановска вели дека тоа не е механички чин.
– Помирувањето не е механички чин, потребно е да се извините некогаш за да има помирување. Треба да бидете почитувани во дебатите, да не посегате по инструменти како дезинформација, полуинформација, говор на омраза. Не може ако до вчера сте ја сатанизирале опозицијата, одеднаш, денеска да речете еве ви подавам рака. Ќе видиме што ќе следи. Обично лесно се ветува и предлага, а забораваме дека не е доволно само да се каже нешто. Тоа е нешто посуштинско, оти интегритетот и дигнитетот се градат, не можете само со една порака да ги смените нештата – смета Силјановска.