Овие избори не смеат да се бојкотираат, иако за референдумот обратно велев. Бидејќи
не можете да дадете легиминитет на нешто што не е само нелигитимно туку и нелегално, спротивно на меѓународното право и на националното право, порачала Гордана Силјановска Давкова од Брвеница. Ова го соопштија денеска од прес-службата на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
– Силјановска Давкова појасни на граѓаните дека очекувала по неуспешниот
референдум, премиерот да поднесе оставка бидејќи тоа е европски ред. Така прават сите премиери кога нема да успее референдум, но тоа тој не го стори. Откако беа паднати на земја, ден, два потоа, си продолжија иако во законот за референдум и други форми на лично изјаснување има јасна одредба дека резултатот од референдумот мора во рок од 60 дена да се одрази на сите постапки и на донесувањето на акти. Но, тие си продолжија со промена на Уставот, заборавајќи дека нивниот легиминитет извира од граѓаните кои рекоа „не“ – стои во соопштението.
На крајот од средбата, Силјановска Давкова порачала дека со победа на избори, ќе
победи и Македонија, ќе се стави крај на сите нерегуларности кои ги има сторено Владата до самото свое стапување на власт.