Силјановска објави фотографија со Киро Глигоров на својот ФБ профил

Од мене, ниту било ниту ќе биде фикус. Јас никогаш во животот, ниту дома, ниту на работа, ниту во кусото членување во Либералната партија и како нејзин претставник во двете години министерување во првата политичка влада, не сум била фикус. Секогаш сум била и ќе бидам своја - објави Силјановска на својот ФБ профил.

4707
FOTO Fejsbuk

Професорката Гордана Силјановска, кандидатката за Претседател на Република Северна Македонија, на својот ФБ профил објави фотографија на која е со првиот Претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

– Со претседателот Глигоров често разговорот ни беше за нужноста од владеење на право и правда за Македонија! – пишува на оваа фотографија, која е од времето кога Глигоров беше претседател, од 1991 – 1999 година.

Силјановска, освен со Глигоров, на оваа фотографија е и заедно со нејзините колеги, професорите Милан Нетков и Ѓорѓи Марјановиќ.

Во меѓувреме, таа денеска објави уште една изјава на својот Фејсбук профил:

– Од мене, ниту било ниту ќе биде фикус. Јас никогаш во животот, ниту дома, ниту на работа, ниту во кусото членување во Либералната партија и како нејзин претставник во двете години министерување во првата политичка влада, не сум била фикус. Секогаш сум била и ќе бидам своја.

Јас му припаѓам на родот на кактуси кога е критичката мисла и акција во прашање. Но, Волтера не го заборавам, па не нишанам по личноста, туку на ставот!

Едно е јасно: homo macedonicus за да биде homo europicus мора да ги замени бесплодните политички фикуси со кактуси!! – напиша Силјановска на ФБ профилот.

А утрово таа објави видео, со изјава, а во врска со некои коментари во јавноста.

– Деновиве, ме линчуваат јавно за тоа како изгледам и колку години имам. И ме споредуваат со ,,лажни” слики на политичарки. Не дека немам попривлечни фотографии во бикини на тие години, ама јас не прифаќам да бидам инспирација на мажите! Сакам во политиката да покажам дека жените создаваат уметност на можното! – вели професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за Претседател на Република Северна Македонија од ВМРО ДПМНЕ.

Силјановска во 1992 и 1993 година беше министерка во владата на СДСМ, кога премиер беше Бранко Црвенковски.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...