Силјановска: Нобеловата награда за мир со која се фалат мене ми мириса на пародија

464

СДСМ и Заев немаат државнички, ни демократски однос во Македонија, во Македонија нема владеење на правото. Многу брзо Македонија ќе добие извештај од Европската Унија со интересна форма на чекање на почетокот на преговорите за влез во ЕУ, порача претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова, вечерва од Карпош.

– Се прашувам уште колку години треба да се подготвуваме за почеток на преговори. Се разбира дека тоа е доказ за нивната неспособност да се справата со предизвиците на ова време, да ги решаваат проблемите на граѓаните, дека се отуѓиле од нив дека се осамиле од нив – вели Силјановска.

Според неа, фалбата на Заев за добиена награда за мир со Грција е всушност една голема пародоја.

– Се фалат со Нобелови награди за мир, а многу Нобелови награди за мир не завршиле на право место, и мислам дека оваа Нобелова награда за мир мене ми мириса на пародија – рече таа.

Таа истакна дека нема правна држава и демократија без просперитетна и стабилна економија која што не е случај во Македонија, алудирајќи на изјавите на германските инвестиции кои изјави дека економијата во Македонија е еднаква на нула.

– Нема правна држава, нема Копехагеншки критериуми, нема демократија без просперитетна економија, меѓутоа ги чувте ли странските претприемачи во Македонија, едни од најактивните германските кои рекоа нула. Ако е тоа успех тогаш не знам што е неуспех – праша Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова повика на масовно обединување и поддршка за неа на 21 април, нагласувајќи дека таа од Македонија сака да направи пристојна и европска држава, се со цел конечно да владеат правото и правдините во Република Македонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...