Кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова денеска беше во посета на општина Гази Баба „каде што ги повика сите граѓани на Република Македонија да излезат на вториот круг од претседателските избори на 5 мај и повторно да и ја дадат поддршката со цел да ги поразат сите ненародни и штетни политики кои ги спроведува владата на СДСМ и Зоран Заев.“
– На средбата Сиљановска Давкова изрази огромна благодарност за укажаната доверба од страна на граѓаните на првиот круг од претседателските избори, каде што освои повеќе од 6.000 гласа од нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски – информира тимот на Сиљановска по посетата во Гази Баба.