Силјановска: Национален интерес не се гради меѓу двајца, тројца, туку со консензус

166

Има ли повистинско место да говорите за правото и правдата во Македонија од Македонски Брод. За тоа е најголемиот доказ за името на ова прекрасно место дека придавката македонски природно си е врзана и неразделна е од Македонија, порача претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова на митинг во Македонски Брод.

Силјановска рече дека Уставот треба ретко да се менува и тоа со рака што трепери. И тоа не од страв туку од одговорност. Зошто Уставот е најважната правна и политичка книга на една држава. Што значи и на Македонија.

Таа посочи дека Уставот е сменет 36 пати од 1991 година, но само 2 пати од внатре, еднаш заради притворот и втор пат заради правосудството. Сите други измени доаѓаа од надвор. На барање од надвор, појасни Силјановска Давкова.

– Да потсетам дека граѓаните рекоа НЕ за промена на името. Референдумот не успеа. Ама власта заборави на народот. Ние со молкот испративме порака до власта дека не ги легитимираме ни власта ни референдумот. Туку ги делигитимираме – рече Силјановска Давкова.

Таа  рече дека граѓаните со молкот што го бојкотирале референдумот посилно одекна и овде и надвор отколку во Парламентот.

– И наместо да си поднесе оставка власта, да си замине бидејќи по неуспешен референдум сите државници би си заминале, би се извиниле. Ама нашата власт си остана и си продолжи да го менува Уставот. Не гледам јас надеж дека во јуни ќе добиеме датум за преговори. Не дека се лоши кон нас туку затоа што бараат стандарди да се исполнат што се Копенхагешки критериуми, како владеење на право, економија, борба со корупција и криминал, борба со непотизам ама и затоа што ЕУ си има сериозни сопствени проблеми и се разбира дека секој, секогаш, секаде прво треба да се води од сопствените интереси така и ние националните интереси,а потоа да се согласуваме и да потпишуваме. Ама национален интерес не се гради меѓу двајца, меѓу тројца, туку со консензус, со опозиција, со претседател на држава. А, најмногу со народот – истакна Силјановска Давкова.

Таа повтори дека треба да победат на изборите за веднаш да ја делигитимираат власта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...