Силјановска: Нам ни треба Македонија, еднаква и правична кон сите

204

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со пазарџиите на Зелен пазар со кои, како што се вели во информирацијата, говореше за лошите услови кои ги чувствуваат на нивна кожа.

Денес, сепак, бев на Зеленото пазарче. Убаво беше да се види дека и таму сум добредојдена, иако не ме гледаат секојдневно. Маките се исти, очекувањата исто така. Земјоделците и пазарџиите се вредни луѓе, стојат по цел ден и на студено и на топло време, за едвај да извадат за егзистенција. Последните потези на владата ги предизвикаа овие луѓе на протести. Тие се само една од групите во општеството кое се чувствуваат изневерени и ограбени. Нам ни треба Македонија, која ќе биде еднаква и правична кон сите, а која ќе покажува посебна почит кон оние кои на потежок начин доаѓаат до приходи, со сопствен труд и пот – порача Силјановска Давкова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...