Кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, точно на полноќ ја започна својата кампања пред родната куќа во Охрид.
– Полноќ, а јас стојам пред родната куќа во Охрид. Таму почна мојот живот во Народна Република Македонија. Ако треба да ја менувам личната карта ќе треба да излажам дека сум се родила овде во Република Северна Македонија – рече Силјановска Давкова.
Таа денеска соопшти дека секој град кој ќе го посети за време на кампањата ќе добие мала, бесплатна, јавна библиотека.