Силјановска: И АРМ ќе се справува со загадувањето, кога ќе потфрлат институциите

157

Заштита и унапредување на животот и на здравјето на граѓаните, како и заштитата и унапредување на животната средина се национални интереси кои треба да се одбранат. Денешната трибина на тема „Деградација на животната средина-Закана по национална безбедност”, која беше во организација на О2 иницијативата имаше за цел да го постави прашањето на загадувањето и грижата за животната средина на агендата за следните 5 години, но и да ги искористи надлежностите и кредибилитетот на претседателот/претседателката во неговото решавање, посочи Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова истакна дека проблемите со аерозагадувањето во Република Македонија се посебно истакнати како една од актуелните опасности која е се повеќе присутна во современото живеење.

– Најголем проблем во Македонија е неспроведувањето на законите, префрлање на одговорност и неодговорно однесување. Сериозен недостаток е што ниту една институција, ниту пак локална самоуправа има изградено капацитети и човечки персонал за превенција за заштита на животната средина и отстранување на штетните последици по здравјето на граѓаните. Согласно динамиката на развојот на безбедносните закани и ризици, ветувам дека АРМ ќе ги надгради капацитетите превентивно да се справи и со нагласениот проблем со загадувањето секогаш кога институциите ќе потфрлат – рече Силјановска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...