Силјановска: Заборавија дека распишаа конкурс, во атмосфера на афери и игри избраа кандидат за претседател

1442

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова ги посетила жителите на Општина Берово каде што зборувала за „наводната
„демократија“ на СДСМ при избор на кандидат за претседател“.

– Да се заблагодарам на отворената врата на ВМРО-ДПМНЕ, за некој како мене. Тоа
беше доказ за демократски капацитет, за европски капацитет. И само споредете го со она што се случуваше вчера на екраните, замислете среде Хилтон, во една од најсиромашните земји, во политичка игра без правила, без процедура заборавија дека распишаа конкурс, на конкурсот се јавија луѓе, а тие во атмосфера на афери и
игри си го избраа вчера кандидатот за претседател. И сега ќе го предложат на Конгресот, да го потврди изборот и тоа било демократија. Шокирана сум – изјавила таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...