Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова им порача на премиерот Зоран Заев и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски дека „народотќе и им ја испорача метлата“.
Коментарот на Силјановска следи по вчерашниот гест на актерот Драган Спасов Дац кој на митингот на СДСМ во Карпош му подари метла на Заев да подрасчисти во Владата, а премиерот потврди дека ќе расчисти со функционерите кои немаат капацитет.
– Се чудам од каде „смрдеше рибата?! Народот ќе ви ја испорача „метлата“ на 5 мај – напиша Силјановска на Твитер.
Се чудам од каде “смрдеше рибата ?! Народот ќе ви ја испорача “Метлата” на 5 мај ! #ПравдаЗаМакедонија#ТатковинатаПовикува#МетлаЗаЗаев
— Гордана Сиљановска Давкова (@gogamkd) April 23, 2019