Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со митинг во Охрид ја започнува предизборната кампања за претстојните претседателски избори „Правда за Македонија – татковината повикува“.
На митингот кој започна во 20 часот на градскиот плоштад ќе се обратат кандидатот за претседател поддржан од партијата, Гордана Силјановска Давкова и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ традиционално кампањите ги почнува од Охрид.