Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ преку својот фејсбук профил ги повика граѓаните да се потпишат за нејзината кандидатура во канцелариите на ДИК и да објават селфи како мотив и за другите граѓани да го направат истото.
„Почитувани граѓани,
Како што веќе најавив, од денеска, па во наредните две недели, ќе се одвива постапката за собирање потписи за мојата претседателска кандидатура и тоа во локалните канцеларии на ДИК во вашите медста на живеење. Секој ваш потпис ќе значи огромна поддршка и поттик не само за мене лично, туку и за сите наши сограѓани – овој процес ќе биде знак дека сме обединети околу заедничката: сите за Македонија!
Најдобар начин да ги мотивираме другите и да испратиме порака дека од нас зависи, е да излеземе масовно до канцелариите на ДИК и да ставиме потпис. Доколку почувствувате потреба да ги охрабрите другите, би можеле да направите самослик (selfie) и да го постирате заедно со хаштагот #СеПотпишавЗаПравоиПравда“.