Силјановска: Граѓаните да излезат да гласаат, победата води кон предвремени парламентарни избори

964

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ рече дека граѓаните треба да излезат на гласање на претседателските избори.

Таа истакна дека на овие претседателски избори треба граѓаните да излезат да гласаат бидејќи победата на овие избори ќе значи делигитимитирање на сегашната власта и тоа нужно ќе води кон предвремени парламентарни извори.

– Да, го бојкотирав референдумот затоа што не можев да легитимитирам нешто што  беше донесено во процедура надвор од Уставот и од меѓународното право – додаде Силјановска Давкова.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...