Силјановска: Власта живее како во Брисел, а народот како во Африка

145

Ние ќе им покажеме како се водат евроатланска процеси и интеграции. Како не се изморија од повторување евроатлански интеграции, ЕУ и НАТО, но тоа се само зборови за нив, реторика, зад овие зборови нема никаква содржина, никаква суштина и тоа наскоро ќе го чујат, порача кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова на граѓаните во Бутел.

– Срамота е цели за кои велат дека се највисоки како ЕУ и НАТО да ги употребуваат како алиби за својата егзистенција, а таа егзистенција е различна од вашата егзистенција од егзистенцијата на народот, зошто тие да живеат како во Брисел ако го споредуваме нивниот стандард ама народот живее како оние во Африка, тоа ние ќе го смениме – вели Силјановска.

Според нејзе владеењето на правото е најважно за функционирање на државата, споменувајќи дека во моментот во Македонија нема право и правда туку владеење на една олигархиска група која не прави ништо добро за граѓаните.

Силјановска истакна дека во моментот политика која ја водат СДСМ и Заев е лоша, алудирајќи на сите лоши законски решенија кои ги донело парламентарното мнозинство на СДСМ и Заев. Според неа, политиката на СДСМ е нелегална а со самото тоа и нелегитимна.

– Она што се случуваше од настаните од 27 ми или ако сакате она што се случуваше од чинот на нелегалниот и чуден избор на претседателот на Собранието до денеска се е студија на случај во компаративното уставно право и политички систем. Од чудниот закон за амнестија, преку измените на Кривичниот законик, до одлуката за референдум, до постапувањето на неуспешниот референдум, се е надвор од границите на правото. Тоа е политика која не е врамена во правото. Таквата политика не само што не е легална, туку е нелегитимна. Затоа ние постојано зборуваме за право и правда во Македонија. Зошто правото и правдата ни се врежани во кодот уште во химната, затоа можеби  им пречи химната, бидејќи ги потсетува на неправдите кои што ги прават, а и  ги потсетува и на името што го наследиле и што наместо да им го остават на наследните забораваат и да го споменат порача Силјановска.

Силјановска Давкова заврши дека ќе ги смени работите и дека е најважно за претседател да биде стамен да не го менува ставот и да не предизвикува конфузија, потенцирајќи дека таа секогаш ги нижела ставовите еден на друг и никогаш не се негирала самата себе си прашувајќи каков е тој претседател кој ги менува ставовите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...