Беззаконие владее среде прекрасна природа, од Лагадин до струшкото крајбрежје!
Ако ја сакаме Македонија ќе ја чуваме со закон, порача претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.
„Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга. До кога локалната самоуправа и Владата ќе го игнорираат гласот на граѓаните? До кога ќе се игнорираат препораките на еколошките невладини организации? Право и правда, наспроти профит и клиентелизам“, смета Силјановска.
Во охридскиот регион денеска беше и противкандидатот Стево Пендаровски.