Силјановска: Ве чекам на дуел за да видиме кој е одговорен за травестијата на правдата

2010

Моја искрена намера беше и ќе остане да придонесам за фер и демократски избори, преку сопствен пример, со коректен однос кон противкандидатите и со држење на високо ниво на јавна дебата, соопшти кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова како одговор на прозивките од СДСМ и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски за 27 април.

Таа потсетува дека во моментот коганејсизното име се појавило како можен кандидат, станала цел на ad hominem, лични и навредливи напади од страна на портпаролот на СДСМ, па од Заев кој, како што вели и делел лекции за почитување на Уставот и сега со партиско соопштение се удира по нејзината личност со спинување на кажаното во врска со вчера изречените пресуди. Силјановска вели дека одлучив да не одговара на ниски провокации и недолични прозивки, дури и кога доаѓаат од врвот на владејачката партија, идека  едвај чекала да се соочи со противкандидатот, Пендаровски.

– Но, откако и тој се придружи на партискиот хор, импутирајќи ми нешта кои не сум ги рекла, ќе морам јавно да им порачам две работи: Прво, тоа што Пендаровски ги присвои мојот слоган „за право и правда“ го сметам за мој позитивен придонес во освестувањето на власта, која го изгуби компасот уште многу одамна.

Второ, како надпартиски кандидат јас сум погрешна адреса за барање (правна!?) одговорност или извинување за настаните од 27 април.

Подготвена сум во ТВ дуел да ги соочам аргументите за кршењето на процедуралните правила за правично судење со Пендаровски, но и да потсетам дека токму оваа власт го амнестираше Крсто Мукоски од директната одговорност за последиците од насилството во Собранието, а со цел да обезбеди промена на Уставо

Дали планираат да ѝ се извинат на македонската јавност за уривањето на правната држава и за флагрантното кршење на човековите права, и на национално и на индивидуално ниво? Или, и натаму ќе го „позајмувате“ слоганот со кој ги обединувам македонските граѓани, ќе мантрате за „правна држава“, додека ги кршите сите национални и меѓународни норми за фер и правично судење?

Господа, ве чекам на дуел, па да ѝ покажеме на македонската јавност кој е одговорен за травестијата на правдата и отстапувањата од принципите на Европската конвенција за човекови права. Наместо да нудите решенија за проблемите и да водите коректна кампања, вие сакате да се пресметате со мене, односно преку мене да се пресметате со вашиот партиски противник.

Нема да дозволам да ме инволвирате во валкана кампања, и ќе продолжам, заедно со граѓаните, да градам стратегија за подобра Македонија, вели Силјановска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...