Битката допрва почнува, ако ние добивме волкав број гласови и ако на тие ги додадеме гласовите на колегата Блерим Река, приказната е јасна, порача Гордана Силјановска, кандидатка за претседател на дражвата поддржана од ВМРО – ДПМНЕ, појаснуваќи дека обајцата кандидати во кампањата збореле за правото и правдата, а само со таква приказна Македонија може да добие преговори со ЕУ.
– Ако се спореди бројот на гласовите за опозицијата значи и на оние кои гласале за господинот Блерим Река и неговите поддржувачи и ако се собере со гласовите кои што јас веќе ги спомнав разликата е повеќе од 75.000 гласови. За некој како мене кој во целата кампања укажуваше на неодржливоста на систем на режим, во кој отсуствува владеењето на правото, систем потонат во корупција, криминал и непотизам тоа е најважно. Значи опозицијата успеала навистина не само да им предочи туку и да ги убеди граѓаните дека во отсуство на право и правда ние може да си раскажуваме приказни за ЕУ и НАТО зошто само со исполнување на основниот Копенхагешки критериум и владеење на правото може да се добие почеток на преговори. Тоа е задоволство за еден професор по уставно право и политички систем, кој вели дека мора да се стави крај на транзицијата на транзиционите профитери материјални и интелектуални, недоучени, нереализирани, фрустрирани кои во сиот период на самостојна и независна Македонија трчале од функција на функција колку години стаж имаат толку имаат и функции и сега сакаат да завршат со највисоката претседател на Република Македонија – порача Силјановска која изрази благодарност до сите граѓани кои ѝ искажаа доверба во првиот круг од шестите претседателски избори.
– Колку што тие удираат ниско, толку ние се качуваме повисоко – порача Силјановска.