Ова не е референдумот, тогаш имавме право на молк и тоа на тивок молк, на тивкост која всушност која беше голема гласност зошто не сакавме да го легитимираме Преспанскиот договор. Но сега треба да ги делигитимираме. Сега треба да ја делигимитираме власта зошто успехот на претседателските избори значи дека се што правеле претходно било нелигитимно, а богами и нелегално.
Ова го порача кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова вечерва она средба со граѓаните од Општина Карбинци.
– Зошто е важно да се излезе на овие избори, зошто успехот на претседателските избори значи вовед во предвремени парламентарни избори. А, само тогаш ние можеме да почнеме таму каде што некогаш било запрено, да докаже ВМРО-ДПМНЕ дека е реформирана дека раскрстила со минатото, дека научила лекции демократски и дека сега ќе го стори она што е неминовно, а што не го направи СДСМ и неговата коалиција овие две години или ако сакате речиси 4 години. Зошто тие беа дел и од техничката влада.
Резултатот на претседателските избори е важен зошто ако се посегне по бојкот што значи тоа дека во уставот има еден рок од 40 дена иако тие се повикуваа на некои други рокови и што колку пати ќе бојкотираме да речеме, и кој е резултатот. Резултатот ќе биде без избори господинот Талат Џафери да стане претседател на Република Македонија, зошто тоа е решението – рече Силјановска Давкова.