Силувачот Козби порачува од затворот: Не се каам, а ова е мојот пентхаус

Милионската публика мораше да се научи на новата слика за омилениот забавувач, со лисици на рацете. Поради низа силувања му се закануваше казна од три до десет години. 

1445

Актерот Бил Козби (82) во кратко време го помина патот од омилен „американски татко“ до омразен „сексуален предатор“. Милионската публика мораше да се научи на новата слика за омилениот забавувач, со лисици на рацете. Поради низа силувања му се закануваше казна од три до десет години.

Судот не бил милостив, па пред два месеца тој беше осуден на 10 години затвор. Аферата почна пред 15 години, а од една, бројот на жртвите на Козби се зголеми на 15. Сега Козби, првпат откако е зад решетки, даде интервју за медиумите.

– Ми останаа уште осум години и девет месеци. Кога ќе побарам условна казна, нема да слушнат од мене дека се каам. Јас бев таму, не ме интересира која група луѓе доаѓаат и разговараат за тоа кога не биле таму. Тие не знаат – изјавил актерот за ННПА.

– Сè е наместено, сè што е врзано за поротата – додал тој додека разговарал по телефон од СЦИ Феникс, затворот во Пенсилванија.

Тој откри и дека низ програма за реформи ги менторира афроамериканските затвореници.

– Јас сум привилегиран човек во затворот, мојата ќелија е мојот пентхаус – заклучил тој.

Инаку, Козби можеше да добие максимална казна од 30 години затвор поради дрогирање и сексуален напад врз Андреа Констанд во 2004 година. Сепак, се верува дека поради староста добил полесна казна.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...