Силувана штитеничка од Домот за деца со социјални проблеми

Според пријавата, девојчето било на плажа и потоа заминало кон излезот од Струга.Таму била пресретната од непознато лице со непознато возило, кое се понудило да ја превезе. По кратко време лицето застанало во близина на село Калишта и го сторил делото, по што ја вратил во одморалиштето.

191

Штитеничка на Домот за деца со социјални проблеми од Скопје вчера е силувано во одморалиштето „25-ти Мај“ во Струга.

Полицијата соопшти дека случајот во Полициската станица Струга, го пријавило 14-годишното девојче кое било силувано, а престојувало во одморалиштето „25-ти Мај“.

Тоа во полициската станица изјавило дека врз неа непознато лице извршило други полови дејствија над неа.

Според пријавата, девојчето било на плажа и потоа заминало кон излезот од Струга.Таму била пресретната од непознато лице со непознато возило, кое се понудило да ја превезе. По кратко време лицето застанало во близина на село Калишта и го сторил делото, по што ја вратил во одморалиштето.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...