Силно невреме во Прилеп, оштетени тутун, пиперки и жито

565

Силното невреме што денеска го зафати Прилеп проследено со пороен дожд и град им направи огромни штети на земјоделските култури.

Според првичните процени на општинските комисии, зафатени се над 300 хектари главно во атарите на Мало и Големо Коњари, месноста „Орде Чопела“ и атарот на населбата Варош. Сто отсто се уништени површините со тутун, пиперки и житни култури.

Комисиите ги повикаа земјоделците од утре да почнат да ги пријавуават штетите. И во текот на утрешниот ден комисиите ќе излезат на терен иако денеска првично беа во атарите на погодените реони.

Земјоделците велат дека вакво невреме не паметат во последните 25 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...