Силниот ветер кој од попладнево дува во Скопје скрши крошна од липа во паркот Жена-борец, јави весникот Нова Македонија.
Крошната паднала врз двете коловозни ленти на улицата меѓу Градскиот трговски центар и Градската општа болница „8-ми Септември“.
Во моментов, полицијата го регулира сообраќајот на тој дел од улицата, сè додека не се отстрани стеблото од коловозот.
Фото: Нова Македонија