Силна бура ја зафати вчера Москва, при што десетици дрвја биле откорнати, а 12 лица се повредени.
Две лица биле задржани в болница со посериозни повреди. Над 70 дрвја паднале во различни реони на Москва поради поројниот дожд, кој повремено преминувал во град. Од невремето биле уништени пет автомобили.
Се очекува невремето да продолжи и денеска со дожд и грмотевици.