Силен почеток на Бостон против Кливленд во финалето на Истокот

Бостон Селтикс започна моќно во финалето на Источната конференција на НБА против Кливленд Кавалирс. Маркус Морис ја исполни заканата и успеа да ја задржи ѕвездата на гостите Леброн Џејмс, откако го ограничи до скромни за „кралот“ 15 поени.

130

Бостон Селтикс започна моќно во финалето на Источната конференција на НБА против Кливленд Кавалирс. Маркус Морис ја исполни заканата и успеа да ја задржи ѕвездата на гостите Леброн Џејмс, откако го ограничи до скромни за „кралот“ 15 поени. Самиот Морис постигна 21 поен и додаде 10 скокови за убедливата победа на „келтите“ со 108:83.

Џејлен Браун беше најпрецизен со 23 поени, а Ал Хорфорд постигна 15 поени за Бостон. Кевин Лав (17 поени) и Тристан Томпсон (8 поени и 11 скока) се претставија релативно добро за Кливленд, но неизвесноста во натпреварот во голема мерка исчезна уште по првата четвртина, освоена од домаќините со 36:18.

На полувремето предноста на тимот, предводен од Бред Стивенс, стигна до 26 поени. Статистичарите веднаш забележаа дека тимот на Леброн Џејмс никогаш не заостанувал со толку голема разлика по првите две четвртини од плејофот. Покрај тоа, само еднаш, Џејмс го изгубил првиот дуел во плејофот со повеќе поени. Ова се случи во полуфиналето на Источната конференција во 2006 година, кога Детроит го порази Кливленд со 113:86.

Маркус Морис започна во стартната петорка на местото на Арон Беинс и покажа дека не зборувал напразно пред судирот. Благодарение особено на неговите напори во одбраната, Леброн Џејмс успеа само во 5 од своите 16 удари од поле, а Кливленд ниту за момент не се приближи до својот противник.

Минатата година, Бостон ги загуби првите два дуела против Кавалирс во финалето на Истокот, но овојпат приказната е поинаква, а момчињата на Бред Стивенс продолжуваат да ги воодушевуваат сите професионалци со настапот во отсуство на повредените ѕвезди Каири Ирвинг и Гордон Хејворд. Даниел Тајс и Шејн Ларкин исто го пропуштија денешниот натпревар поради повреди, но секој од останатите даде свој придонес за убедливата победа.

Ал Хорфорд ги реализира првите 7 удари, за да помогне на Бостон да направи серија од 14:0, со која поведоа убедливо уште во почетокот на средбата. Леброн, пак, допушти 7 грешки што е индикативно во позадина на вкупно 8-те во четирите натпревари против Торонто во претходниот круг.

ФОТО: твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...