Силен земјотрес регистриран во морскиот дел кај Крит

631

Земјотрес со интензитет од 5.3 до 5.5 степени според првичните информации, беше регистриран на две минути пред полноќ, по локално време, во морскиот дел во близина на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот на земјотресот бил на 29 километри североисточно од островот со длабочина од 27 километри.

Според Геодинамичкиот институт на грчката национална опсерваторија, земјотресот бил со јачина од 5.3 степени.

Земјотресот бил почувствуван во повеќе делови на островот Крит, а половина час по потресот, нема информации за материјална штета или повредени лица.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...