Силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Пакистан, Авганистан и северните делови на Индија.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 190 километри на територијата на Авганистан.
Сѐ уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Индискиот потконтинент во последните неколку децении беше погоден од повеќе разорни земјотреси.