Силен земјотрес од 7,1 степени по Рихтер го погоди Перу

102

Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Перу, соопшти Американскиот геолошки институт.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами наведе дека не очекува појава на големи бранови ширум Пацификот.

Епицентарот на земјотресот бил на 67 километри северозападно од градот Хулиака, на длабочина од 258 километри.

Сѐ уште нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...