Рано утринава околу 3 часот силен земјотрес беше почувствуван во Хрватска, на околу 21 километар северно од Сплит. Сеизмолошкиот завод објави дека јачината на земјотресот била 4,2 степени по Рихтеровата скала.
– Спиев и оддеднаш ме разбуди тресењето, веднаш скокнав од креветот и се скрив под вратата – вели еден граѓанин кој го почуствувал земјотресот.
Жителите на Сплит за тамошните медиуми велат дека покрај силното тресење, се слушнал и силен звук кој ги преплашил. Земјотресот бил почувствуван и во Риека, која е 242 километри оддалечена од епицентарот на потресот.