Земјотрес со јачина од 5,4 степени според европската макросезмичка скала, кој попладнево во 17.38 часот ја погоди Албанија, беше почувствуван и во Македонија.
Земјотресот беше почувствуван и на територијата на Македонија и тоа најсилно во Дебар околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Охрид, Струга, Кичево и Гостивар со интензитет од III-IV степени и во Скопје и Тетово со интензитет од III степени според истата скала.
Епицентарот на земјотресот е 41 километар североисточно од Тирана и на 10 км источно од Бурел, на 10 километри длабочина.
Освен во Македонија, земјотресот бил почувствуван и во Косово и во Црна Гора