Реонот на босанскиот Херцеговско-неретванскиот Кантон доцна попладнево го зафати невреме проследно со силен ветер.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот Кантон од ударите на силниот ветер се првртеле две камионски приколки, но при тоа нема повредени.
Едната приколка се превртела на патот Мостар-Невесиње во мостарската приградска населба Бишќе Поље, а втората на патниот правец Столац-Берковиќи.
Цивилната заштита на Мостар упати предупредување до граѓаните да избегнуваат престој или минување крај стари и оштетени дрва и напуштени објекти, како и да преземат мерки за самозаштита.
Фото: Дневни аваз