Силен ветер во Словенија повреди жена, откорна покриви, затвори училишта

112

Повредена жена, откорнати покриви и рекламни паноа, оштетени автомобили. Ова е последицата од силниот ветер во Словенија кој на моменти достигна брзина и до 90 км/час.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, повредената жена е 22-годишна државјанка на Германија, која настрада откако во близината на музејот во Цеље, поради силниот ветер врз неа падна големо рекламно пано.

Невремето предизвика и големи проблеми во сообраќајот. На некои места во областа Врањско, поради гранки и дрва на патиштата, сообраќајот беше во прекин. Во Рогашка Слатина и Цеље силниот ветер откорна неколку дрва кои уништија автомобили. Училиште во Крањ денеска ќе остане затворено, а учениците нема да посетуваат настава се додека не се санираат оштетувањата на објектот предизвикани од невремето.

Управата за заштита и спасување на Словенија објави дека поради силниот ветер морале да интервенираат 142 пати, а проблеми се пријавени во 47 општини.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...