Македонските граѓани на социјалните мрежи постојано постираат досетки и шегобијни предлози, откако Македонија го потпиша договорот со Грција, а особено откако последниве десетина дена циклонот „Силвија“ ја зафати земјава.
Деновиве е популарен твитот „Дајте друго име, смрзнавме!“ зад кој стои шегаџијата со профил Сушанто Рој.
Се појави и фотографија со „новото“ знаме. Наглата промена на времето и циклонот „Силвија“ која донесе студ и дожд беа инспирација за креативците кои го стокмија и „новото“ знаме, кое наместо сонце има снегулка.