Силвестер Сталоне (73) на својот профил на Инстаграмсе пофали со новиот стајлинг, кој го претстави во сосема опуштено издание, додека се возел во автомобил.
Она што сите ги изненадило е тоа што славниот Роки и Рамбо, сосема побелел, но без оглед на тоа добил многу комплименти за природнниот имиџ, кој евидентно добро му стои.
„Некогаш се будам и не сакам да правам ништо. Ако некој каже поинаку, лаже. Тоа е природна работа. Потоа малку се лутиш на себе и сфаќаш дека нема ништо додека не ставиш депозит во банката на резултати. Мојата омилена фраза е „продолжи да удираш““, напишал Сталоне во видеото каде удира со тупаница.
Така, всушност, признал дека го прифаќа својот природен изглед, седа коса, брада и веѓи.
„Не е лесно да живееш со голема слава. Горди сме на тебе со сребрена коса“, му возвратиле обожавателите.
Сталоне до неодамна имаше црна бојадисана коса, која му пораснала, а сега на славниот актер не му било проблем да ги прифати своите години и физичкиот изглед.