Капитенот на Пари Сен Жермен, Тиаго Силва призна по поразот од Манчестер Јунајтед во реванш дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите (1:3) дека тимот не го исполнил кажаното пред натпреварот. Тој, исто така, им се извини на навивачите.
– Многу е тешко да се зборува во овој момент. Жалам! Игравме многу добро, но не го направивме она што ни кажаа да го правиме пред натпреварот. Бевме во добра физичка состојба, но повторно за нас се завршува во оваа фаза. Денес не успеавме . Ги молам навивачите да ни простат- изјави Тиаго Силва.
Неговиот партнер во одбраната, Маркињос додаде дека сега е време да се преземеме одговорност.
– Тоа е неприфатливо. Ние играчите го разбираме гневот на навивачите. Многу тежок момент. Повторно се беше решено од деталите. Како што велиме во Бразил, сега е време да преземеме одговорност – да не зборуваме премногу и да продолжиме да работиме – сподели бразилскиот репрезентативец.
ФОТО: EPA / PETER POWELL