Силајновска очекува поддршка од „Левица“

350

Во „Левица“ јас сум опкружена со бивши студенти кои не се забораваат, јас сум им била професорката, меѓу нас не може да има преправање. Многу се познаваме и тоа е инвестиција што вредела да се направи, изјави претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова на средбата со „Левица“.

– Разговаравме за проблемите со кои се соочува оваа држава, за можните решенија, за приоритетите, за тоа што не врзува, што не раздвојува. И кога разговарате со аргументи, со луѓе со кредибилитет, луѓе како што реков кои што никогаш не се забораваат,се помнат иако сум поминала многу генерации, тогаш мислам дека може да се договорите околу клучните прашања. И јас очекувам, се разбира јас ја почитувам процедурата, тие имаат процедура, имаат органи, ќе разговараат но јас сум голем оптимист – рече Силјановска.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...